Утрински Весник
Македонија

43 нови пациенти хоспитализирани во Скопје во изминатите 24 часа

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, четири пациенти на ОРЛ, исто толку и на Клиниката за нефрологија и тројца на Клиниката за очни болести. Во ковид-центарот во болницата 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти, а 13 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден“, се наведува во соопштението.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 22 болни.

Во 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 4 деца и 30 возрасни.

„Голем дел од пациентите во болниците во главниот град се на кислородна поддршка“, нагласуваат од ресорното министерство.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 50-тина слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во болницата 8 Септември.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен