Утрински Весник
Магазин

„Ројал Алберт Хол“ ги откри плановите за 150-годишнината

четsss233врта 800x450
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Нил Роџерс ќе компонира поп химна за да ја прослави 150-годишнината од постоењето на „Ројал Алберт Хол“.

Познатиот американски музичар, водечката гитара во бендот „Чик“, се приклучува на составот на sвезди, вклучувајќи ги Ерик Клептон, Пати Смит и Метју Борн, кои следната година ќе ја почестат култната сала во Лондон.

На роденденскиот концерт на 29 март ќе биде откриено новото дело на филмскиот композитор Дејвид Арнолд, човекот кој ја создаде музиката за Бонд и Шерлок.

Прославата доаѓа во едно од најнесигурните периоди во историјата на местото, поради ограничувањата наметнати од светската здравствена криза. Независниот објект во Кенсингтон, Лондон, објави загуба од 18 милиони фунти, плус 6,5 милиони фунти во продажбата на вратени билети, на почетокот на оваа година.

Главниот извршен директор Крег Хасал им рече на пратениците дека концертната сала е во „крајно опасна положба, без начин да се надоместат изгубените приходи“. Сепак, најавувајќи ја програмата за 2021 година, Хасал рече: „Ние сме решени да организираме целосна прослава на нашата 150-годишнина“.

Отворена во 1871 година од кралицата Викторија, и именувана по нејзиниот покоен сопруг принцот Алберт, неокласичната зграда стана глобална сцена за настапи во живо.

„Ројал Алберт Хол“, една од најпрестижните концертни сали во светот, беше домаќин на сè, од Евровизија во 1968 година до премиери на филмови, награди „Мобо“, тениски турнири, матурски вечери и безброј други настани.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 декември 2025 година

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!