Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Dik 300x250 mk

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец каде што беше пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди.

Според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73-годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија.

По извршеното дело, тој заминал од куќата и фрлајќи се во водите на Црна Река си го одзел животот.

Според првичните сознанија на обвинителството, сега починатиот со години се грижел за сопругата која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила и здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот.

Жената е во животозагрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од самото место, папиларни линии и предмети кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, а во насока на утврдување факти за случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори