Утрински Весник
Свет

(Видео) Силна експлозија во Велика Британија, има загинати

(Видео) Силна експлозија во Велика Британија, има загинати

Најмалку едно лице загина, а две се повредени во голема експлозија  што се случи во магацин во Ејвонмаут близу Бристол, пренесуваат светските медиуми.

Како што се наведува, на самото место на настатнот се членови на противпожарната бригада, екипи на брза помош и полицијата.

Се претпоставува дека станува збор за постројка за отстранување отпад, пишува „Скај њуз“.

„Ни беше пријавена голема експлозија во 11,22 часот (по локално време) во еден магацин во Ејвонмаут. Противпожарните екипи се на самото место “, велат пожарникарите.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Катар предупреди дека евентуалното затворање на Баб ел-Мандеб би имало катастрофални последици за светската економија

Кина воведе строги забрани за патување во странство за прекршителите на правилата за трансфер на технологии

Демографски рекорд во Јапонија: Повеќе од сто илјади лица постари од сто години