Унгарскиот десничарски пратеник Јозеф Сајер, кого полицијата го фати на хомосексуални оргии, ја напушти партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан.
Во меѓувреме, се појавија нови детали за геј-оргии од кои Сајер, познат по своите жестоки анти-ЛГБТ ставови, се обиде да избега кога упадна полицијата, но без успех.
Organisator seksfeest ziet het probleem niet: “We waren heel voorzichtig, iedereen had al corona gehad” https://t.co/R8qHyVZZ5S
— HLN.BE (@HLN_BE) December 2, 2020
Полицијата изврши рација на секс-забава на првиот кат во зграда над геј-барот „Ле Детур“, бидејќи се одржувала за време на полициски час, кој е во сила од 22 до 6 часот наутро во белгиската престолнина и седиштето на европските институции, како дел од антипандемиските мерки.
“Ze hebben homofobe opmerkingen gemaakt tegen mijn gasten. De politie moet homo’s respecteren.”
Posted by HLN.be on Wednesday, 2 December 2020
Домаќинот на секс-забавата, 29-годишниот Дејвид Манџели, во интервју за унгарскиот таблоид „Блик“ и белгискиот весник „Хет Лаатсте Ниус“, се бранеше од обвинувањата дека го прекршил полицискиот час со неговата забава.
Манџели тврди дека поканил само десетина машки гости на забавата и дека имал две медицински сестри кои направиле брзи тестови за Ковид-19 на влезот за гостите, за да се осигура дека немало позитивен учесник на оргиите. Тој додал дека Сајер воопшто не бил поканет на оргиите, туку дошол како придружба на пријател кој бил поканет.