Утрински Весник
Свет

ИБМ: Хакери напаѓаат дистрибутери на вакцина против коронавирус

ИБМ: Хакери напаѓаат дистрибутери на вакцина против коронавирус

Американската технолошка компанија ИБМ обрна внимание на хакерите кои имаат за цел компании клучни за дистрибуција на вакцини против Ковид-19, што е знак дека дигиталните шпиони обрнуваат внимание на сложената логистичка работа за вакцинирање на светската популација од коронавирус.

ИТ-компанијата денес на својот блог објави дека открила глобална кампања фокусирана на организации поврзани со „ладниот ланец“ на вакцините против Ковид-19, процес потребен за одржување на дозите на вакцините на екстремно студени температури додека патуваат од производителите до рацете на народот, пренесува „Ројтерс“.

Единицата за сајбер-безбедност на ИБМ соопшти дека открила напредна група хакери кои работат на собирање информации за различни аспекти на „ладниот ланец“ користејќи електронски пораки испратени во име на раководните лица во „Хаер биомедикал“, кинески снабдувач кој ја транспортира вакцината и чува биолошки примероци.

Хакерите вложија извонреден напор, рече аналитичарката на ИБМ, Клер Забоева, која помогна во изготвувањето на извештајот. Хакерите ја истражувале точната марка, модел и цените на различните ладилници на ’Хаер’“, објасни таа.

„Кој и да стои зад ова, беше одблизу запознаен кои производи се вклучени во синџирот на снабдување за испорака на вакцината за глобалната пандемија“, вели аналитичарката.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија