Утрински Весник
Економија

Бислимоски: Неопходно е инвестициите во енергетскиот сектор да бидат приоритет

Бислимоски: Неопходно е инвестициите во енергетскиот сектор да бидат приоритет

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски, претседаваше со 47- иот состанок на Одборот на регулатори на енергетската заедница (ECRB).

Состанокот се одржа преку он-лајн платформа на кој учествуваа регулаторите од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина.

Бислимоски кажа дека реформите мора да продолжат, а инвестициите во енергетскиот сектор да се откочат и да бидат приоритет кај сите земји затоа што пандемијата покажа дека зголемувањето на енергетската независност и самостојност е гарантор за сигурна енергетска иднина.

„Состојбата во енергетиката е генерално предизвикувачка. Доброто менаџирање во услови на пандемија е клучно и енергетските компании одговараат на предизвиците иако состојбата е сложена. Последиците од пандемијата ја зголемија потрошувачката на граѓаните, додека индустриски потрошувачка пополека се враќа кон нормална. Дополнителен притисок е ослабнатата финансиска состојба на потрошувачите која се рефлектира во редовното подмирување на сметките за електрична енергија и парно, затоа клучно е да се заштитат ранливите потрошувачи во сите земји. Енергетските компании се борат со ликвидност, во година кога хидрологијата е исклучително неповолна. Позитивните вести дека ќе стартува вакцинацијата дава надеж дека набрзо ќе се вратиме во нормала. Но неопходно е да се продолжи со реформите и инвестициите во енергетскиот сектор да бидат приоритет, затоа што не смее пандемијата да биде изговор, мора да се најдат пари за да се реализираат инвестициите кои се влог за безбедна енергетска иднина“, изјави Бислимоски.

Во декември 2019 година Бислимоски беше едногласно избран за претседател на Одборот на регулатори на енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Промоција на бизнис подкаст на Бранко Азески и на публикации „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“

Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус