Утрински Весник
Свет

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија
Ss2

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински помагала (АЛИМС) за лабораториско тестирање, пишува „Новости“ и потсетува дека е предадена документација за регистрација и на вакцината што ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“.

АЛИМС соопшти дека сите постапки во врска со контролата и регистрацијата на потенцијалната вакцина ќе се спроведат што е можно поскоро, бидејќи сите подготовки за тоа се веќе завршени.

Img 5587

Отворена е и можноста за заедничко руско-српско производство на „Спутник 5“, за што премиерката Ана Брнабиќ разговарала со рускиот министер за индустрија и трговија, пренесува „Новости“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно најави дека можно е вакцинацијата да почне пред Нова година, а први што ќе ја примат вакцината ќе бидат здравствените работници.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56