Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Меѓународен ден на лицата со попреченост: Поддршка за децата со попреченост да не станат жртви на трговијата со луѓе

Меѓународен ден на лицата со попреченост: Поддршка за децата со попреченост да не станат жртви на трговијата со луѓе
300x250 opst2

На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, кој се одбележува денеска, Македонското здружение на млади правници (МЗМП) повикува да се насочи вниманието на институциите и јавноста кон намалување на ризикот од злоупотреби и трговија со луѓе за децата со попреченост.

„Тие се ранливи на трговија со луѓе поради возраста и попреченоста и во голема мера зависат од поддршката на возрасните за заштита на своите права. Затоа е неопходно државата преку институциите да им обезбеди соодветни информации, помош и поддршка, а со цел да се намали ризикот да станат жртви на трговија со луѓе. Сите активности во оваа смисла треба да бидат во согласност со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост и Конвенцијата на Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе, како и Конвенцијата на ООН за правата на детето“, соопштија од МЗМП.

Додаваат дека, како организација посветена на борбата против трговијата со луѓе,  дел од активностите ќе се фокусираат на превенција на трговијата со деца со попреченост. Во следниот период МЗМП најавува и дека ќе објави две едукативни видеа наменети за децата со попреченост, нивните родители, старатели и лица кои им нудат поддршка.

„Видеата имаат за цел да ги подучат децата да избегнуваат виктимизација, преку едукација за прашања поврзани со трговијата со луѓе, но и да ги поддржат оние кои се грижат за нив. Тие ќе бидат достапни и за јавноста со цел да се подигне свеста и да се сензибилизира населението со високиот ризик децата со попреченост да станат жртви на трговија со луѓе“, информираат од МЗМП.

Активностите се дел од Проектот „Подигање на свеста за трговијата со деца во Северна Македонија”, финансиран од ЕУ и Советот на Европа. Тој ќе обезбеди подобар пристап до услуги и ќе придонесе за намалување на ризиците тие да станат жртви на трговија со луѓе и други форми на злоупотреби.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ