Утрински Весник
Свет

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена од приватна болница во Лисабон за привлекување женски клиенти предизвика бран критики на социјалните мрежи, а некои жени велат дека сега е најлошото време за мајчинство, со оглед на тоа што сме во сред пандемија и рецесија.

Докази сугерираат дека коронавирусот ги обесхрабрува потенцијалните родители да забременат во поголемиот дел од Европа, а особено во јужните држави, од Италија до Грција, каде и онака стапката на наталитет веќе драстично опаѓа.

Во 2000 година, 120.000 деца се родени во Португалија. Минатата година се родени 86.600, што е за 39 проценти помалку. Падот е најсилен по длабоките рецесии како што е моменталната предизвикана од пандемијата на Ковида-19.

Како што предупредуваат експертите, покрај емотивните предизвици што ги носи за паровите кои сакаат деца, долгорочно ќе има и економски предизвици за земјите на кои може да им требаат години за да излезат од кризата.

Помалку раѓања значи помалку нови работници и повеќе постари луѓе. Ова на крајот ќе има негативно влијание врз БДП и ќе ги оптоварува јавните пензиски шеми и социјалната држава, зголемувајќи го јазот помеѓу европскиот богат север и сиромашниот јужен дел на Европа.

„ Гледате приказни во медиумите и на други места за луѓе кои се обидуваат да го искористат „локдаун-от“ за да создаваат деца, но тоа не е рационално однесување“, вели Ванеса Куња, експерт за плодност, род и семејни работи на Институтот за социјални науки на Универзитетот во Лисабон.

Марија Викарио, претседател на италијанското Национално здружение на акушерки, вели дека очекува кризата да се одрази на бројот на родени следната година. „ Регионот Лацио околу Рим забележа три пати поголем број на мртвородени деца оваа година, бидејќи бремените жени се плашат да одат во болници на прегледи“, истакна таа.

На другиот крај на континентот во Шведска, кој има дарежлива и ефикасна социјална држава, Ева Нордлунд, претседател на Шведската асоцијација за акушерки, рече дека се чини дека со нив се случува спротивното. „Постојат центри за бремени жени кои имаат проблеми со запишување поради големиот број нови бремени жени“, рече таа.

Во Германија, стапката на плодност пред пандемијата се движеше околу европскиот просек од 1,5 деца по жена.

Франција, Шведска и Данска се лидери во Унијата со стапки на плодност повисоки од 1,7. На другиот крај на скалата се Италија и Шпанија со стапка помала од 1,3.

Истражувањето спроведено во петте најголеми европски земји за време на првиот бран на пандемијата во март и април покажа дека над две третини од луѓето на возраст под 34 години планираат да се откажат или да го одложат родителството поради пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk