Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд прогласи вонредна климатска состојба

Нов Зеланд одбележува 100 дена од победата над коронавирусот

Новозеландската влада прогласи вонредна климатска состојба во земјата.

Декларацијата се темели на истражувањата на Меѓувладин панел за климатски промени за потребите за драстично намалување на глобалните емисии, за да се избегне затоплувањето од 1,5 степени Целзиусови.

Нов Зеланд им се придружи на 32 земји, вклучително и Канада, Франција и Велика Британија, кои прогласија вонредна состојба поради климатските промени.

„ Ова е научна декларација. Оваа декларација е потврда за идните генерации. Потврда за товарот кој ќе го носат ако веднаш нешто не преземеме“ изјави премиерката Џакинда Ардерн во парламентот.

Тој симболичен чекор, направен во време кога владата објави дека јавниот сектор ќе мора да постигне неутралност на јаглеродот до 2025 година.

Агенциите ќе мора да ги мерат и да ги објавуваат своите емисии и да компензираат за сè што не можат да скратат, објави Ардерн во соопштението.

„Барањето јавниот сектор да постигне неутралност на јаглерод во рок од пет години ја покажува посветеноста и подготвеноста на Владата за итно дејствување во борбата против климатските промени“, рече премиерката.

Лабуристите, Зелените и партијата Маори гласаа за декларацијата, што беше повеќе од доволно за мнозинство, додека АКТ и Националната партија беа против.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет