Утрински Весник
Спорт

ЛШ: Украински кошмар за Реал, сега и со победа немаат сигурно место!

ЛШ: Украински кошмар за Реал, сега и со победа немаат сигурно место!
Img 5587

Освојувачите на рекордни 13 европски титули, Реал Мадрид повторно загубија од Шахтјор Доњецк, за сега ниту со победа во последното коло во групната фаза на Лигата на шампионите да немаат гарантирано место во осминафиналето.

„Кралевите“, кои и дома загубија од украинскиот шампион (2:3), беа поразени со 2:0 на „Олимпискиот стадион“ во Киев, со што паднаа на третото место на табелата во групата Б со 7 поени, колку што имаат и Шахтјор и еден помалку од Борусија Менхенгладбах, кои вечерва ги пречекуваат Интер. Тоа значи дека и со победа над Менхенгладбах во последното коло, доколку Шахтјор го победи Интер на гости, „кралевите“ ќе бидат елиминирани, бидејќи имаат негативен скор со украинскиот клуб.

Ss1

По слабото прво полувреме, Шахтјор дојде во водство во 57. минута по новата катастрофална грешка на Рафаел Варан преку Дентињо, за во 82. минута, Израелецот Манор Соломон со удар од далечина го матираше Тибо Куртоа, а Варан повторно лошо интервенираше.

И во групата А ситуацијата се искомпликува, откако во Москва, Ред бул Салцбург предводени од двата гола на младиот Мергим Бериша стигнаа до 3:1 победа над Локомотив Москва. Тука Баерн веќе се во осминафиналето и вечерва гостуваат со Б-тим кај Атлетико Мадрид, кои се втори со 5 поени. Салцбург се трети со 4 поени, а Локомотив на последното место со 3 поени.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА А

Локомотив Москва – Ред бул Салцбург 1:2

Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 21.00 ч.

Табела: 1.Баерн М. 12, 2.Атлетико М. 5, 3.Салцбург 4., 4.Локомотив М. 3

ГРУПА Б

Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид 2:0

Борусија Менхенгладбах – Интер 21.00 ч.

Табела: 1.Менхенгладбах 8, 2.Шахтјор 7, 3.Реал М. 7, 4.Интер 2

> ЛШ: Украински кошмар за Реал, сега и со победа немаат сигурно место! <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Челси на „Вила парк“ се врати од 0:2, ВАР му ја украде победата во 96.минута

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

Обрадовиќ: Ова е мој клуб, мој град, на ниту едно друго место не е како во Партизан