Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најави блокади во Скопје и протести во 15 градови

ВМРО-ДПМНЕ најави блокади во Скопје и протести во 15 градови

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за утре најави блокади во Скопје и протести во 15 градови на кои ќе бара оставка од премиерот Зоран Заев.

„Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси“, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре во 15:00 часот да се приклучат на блокадите пред Владата и Министерството за надворешни работи. Протести со почеток од 18:00 часот ќе се одржат и во Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”