Утрински Весник
Спорт

Србија се „рехабилитираше“ против Финска, Шпанците ја победија Романија со 53 разлика!

Србија се „рехабилитираше“ против Финска, Шпанците ја победија Романија со 53 разлика!

Србија ја забележа втората победа во квалификациите за Евробаскетот 2022, победувајќи ја Финска со 75:66 за да дојдат на чекор до пласман на првенството.

Тимот на Игор Кокошков играше фантастично во одбраната на стартот на мечот, оставајќи ги Финците на само седум поени (17:7), за да отидат на одмор со 13 поени предност. Анѓушиќ со 19 поени беше најдобар за Србите, додека Максуни за Финците даде 15. Со 2-2 скор, на Србија и треба една победа во последните две кола од квалификациите, или пораз на Финска.

Италија, пак, во најинтересниот меч со 70:66 ја совладаа Русија за да останат совршени во квалификациите со 4-0 скор. Двата тима имаа по 15 поени во првата четвртина, пред Италијанците да се одвојат на пет поени предност, но не успеаја да направат поголема предност. Русите имаа напад при 69:66, но не го остварија. Амедео Теситори имаше 27 поени и 9 скока за „аѕурите“, додека Андреј Воронцевич уфрли 11 поени за „зборнаја“.

Во најбизарниот меч денеска, Шпанија со неверојатни 94:41 ја декласираше репрезентацијата на Романија, откако во втората четвртина им дозволија само 9 поени, а во последната 8, додека им уфрлија 36 поени.

ЕВРОБАСКЕТ 2022 КВАЛИФИКАЦИИ

Русија – Италија 66:70 (15:15, 16:21, 13:14, 22:20)

Швајцарија – Грузија 84:91 (24:27, 15:19, 15:19, 30:26)

Израел – Полска 78:72 (16:18, 25:14, 21:20, 16:20)

Украина – Австрија 70:67 (16:14, 13:16, 21:15, 20:22)

Србија – Финска 75:66 (17:7, 18:18, 20:20, 20:21)

Шпанија  – Романија 94:41 (27:12, 18:9, 13:12, 36:8)

Словенија – Унгарија, одложено

> Србија се „рехабилитираше“ против Финска, Шпанците ја победија Романија со 53 разлика! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград

МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност