Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Жителите на Кратово и Крива Паланка бараат одговорност за сите погрешни политики и оставка на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Жителите на Кратово и Крива Паланка бараат одговорност за сите погрешни политики и оставка на Заев

 

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ протестира во 11 градови низ државата.

Од партијата соопштуваат дека во Кратово и Крива Паланка народот масовно излегол на улиците, за да, како што велат, го покаже незадоволството од владеењето на СДСМ и мафијата на власт.

„ Велат дошле да ја одбранат Македонија од душманите од оние кои не и мислат добро на државата, а тоа е токму лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Викендов Заев зедно со бугарските власти ќе разговараат за распарчување на Македонија, ние тоа нема да го дозволиме, порачаа граѓаните.

Сакаат да го продадат Гоце, за да склучат уште некоја зделка за производство на марихуана или некоја друга бизнис зделка. Ние тоа нема да го дозволиме. Досра е веќе! Напушете ја Владата и ослободете го Собранието и Судот. Неспособни сте, и тоа го видовме овие четири години додека си игравте држава. Преку глава му е на народот од вашите погрешни и антидржавни политики. Веднаш оставка! Бараме оставка на Заев и неговата криминална власт и слобода за народот!, бараат жителите на Кратово и крива Паланка.

Учесниците на протестот во одделни обраќања побараа веднаш да прекинат преговорите со Бугарија, а членовите на меѓудржавната комисија за историски прашања да поднесат оставки“ се додава во партиското соопштение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт