Утрински Весник
Свет

Турција седум дена по ред бележи црни рекорди

Турција седум дена по ред бележи црни рекорди

Бројот на починати во Турција се зголемува седми ден по ред, и покрај напорите на претседателот Реџеп Таип Ердоган и владата да го запрат вториот бран на Ковид-19, објави „Ројтерс“.

Турција очекува економијата да се подигне оваа недела по големиот пад на почетокот на годината, но тоа закрепнување, што е клучно за политичката поддршка на Ердоган, може да биде загрозено поради ширењето на коронавирусот.

Турците ги заострија мерките, вклучително и воведувањето полициски час за време на викендот, но досега тие не дадоа значителни резултати во запирањето на ширењето на болеста.

Во неделата починаа 185 лица, што е за 45% повеќе отколку во екот на првиот бран во април, а црните рекорди почнаа да се бележат на 23 ноември, кога починаа 153 лица, и оттогаш бројот на мртви расте секој ден.

Во претходните 24 часа беа евидентирани над 29.000 случаи, а во саботата беше соборен рекорд од 30.103 случаи, сепак, властите бројат само пациенти со симптоми, додека овој број не вклучува асимптоматски случаи.

Лекарите и опозициските политичари предложија уште посилни ограничувачки мерки, но владата сака да избегне заострување, бидејќи кафулињата, рестораните и хотелите веќе се сериозно погодени од мерките.

„Нашата здравствена единица е под голем товар. Секој од нас е одговорен, мора да се придржуваме кон мерките”, напиша турскиот министер за здравство Фахретин Коча на „Твитер“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лавров се сретна со севернокорејскиот лидер

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп