Утрински Весник
Свет

Дури 59 починати и над 500 новозаразени во БиХ

Дури 59 починати и над 500 новозаразени во БиХ

Во Бoсна и Херцеговина, денеска се регистрирани 518 нови случаи на инфекција со коронавирус, и тие бројки се повторно најниски во регионот, но бројот на смртни случаи се уште е непропорционално висок бидејќи починаа уште 59 лица.

Во неделата, спроведени се тестови на помал број примероци, како што е вообичаено за време на викендите. На нешто повеќе од 1.400 тестови, 384 лица биле позитивни на територијата на Федерацијата БиХ, односно 134 во Република Српска (РС).

Во Федерацијата се пријавени дури 42 смртни случаи поврзани со инфекција со коронавирус, а 17 во РС.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата во БиХ сега е повеќе од 2.600, што ја прави земјата, која има околу три милиони жители, една од носителите на црни рекорди во Европа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години