Утрински Весник
Македонија

Заев упати телеграма со сочувство за смртта на првоборецот Раде Гогов

Заев упати телеграма со сочувство за смртта на првоборецот Раде Гогов

Премиерот Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов.

„Во овие моменти на семејна тага дозволете ми од мое име, и од име на Владата на Република Северна Македонија, да Ви изразам искрено сочувство за смртта на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов. Првоборецот на НОВ Раде Гогов, кој како млад 18 годишен партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ, останува во нашите срца и сеќавања како борец кој остави своја неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за нејзиното ослободување, самобитност, државност и независност. Неговата посветеност кон стратешките цели на државата и кон борбата за поубаво, слободно и напредно општество, го прават неговиот животен пат судбински испреплетен со патот на нашата татковина.Како борец на НОБ, ќе остане запаметен по храброста и неговите преданија за македонската борба за слобода“, се вели во телеграмата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице