Фудбалерите на Барселона, во Киев, убедливо славеа над Динамо (4:0) во Лигата на шампионите. По мечот тренерите Мирчеа Луческу и Роналд Куман разговарале на неколку теми, без да знаат дека разговорот го снима една камера.
Куман несакајќи открил дека Џерар Пике ќе паузура околу пет месеци, поради повредата со која се здоби против Атлетико Мадрид.
„Го гледав вашиот натпревар со Атлетико, игравте добро, особено во првото полувреме“, му рекол Луческу на колегата Куман.
„Атлетико се брани добро, сјајни се во одбраната“, одговороил Куман.
„Сепак можевте да постигнете гол, имавте шанси“, дополнил искусниот романски тренер.
„Точно, но имаме големи проблеми со повредите. Ансу Фати нема да игра три месеци, Пике четири или пет месеци. На Серхи Роберто нема да можеме да сметаме два месеци“, рекол Куман.
Барселона наредниот меч ќе го одигра во Ла Лига, в недела на „Камп Ноу“ ќе гостува Осасуна.
> Куман несакајќи открил колку ќе паузира Пике <