Утрински Весник
Магазин

Лопез и свршеникот Родригез на отворањето на празничните прозорци на Менхетн

Лопез и свршеникот Родригез на отворањето на празничните прозорци на Менхетн

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката со блескав настап во текот на доделувањето на Американските музички награди 2020 година во Лос Анџеле во неделата вечерта.

И помалку од 24 часа подоцна, мегаsвездата (51) беше забележана во Њујорк како присуствува на откривањето на празничниот прозорец на зграда на Петтата авенија (Saks Fifth Avenue) – една од најлуксузните згради на Големото јаболко – со својот свршеник Алекс Родригез во Њујорк.

Лопез изгледа неоспорно гламурозно додека се забавува со поранешниот професионален бејзбол-играч (45) пред колоритниот дисплеј.

Без сомнение, никој не може да го направи Божик како Њујорк. Живописните прозорци на екслузивните продавници на Менхетн ги запираат дури и најтврдокорните њујорчани.

Приказот на прозорците речиси секогаш се гледа кратко пред Денот на благодарноста и останува уште некој ден по Новата година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вакцина против старечките „зомби“ клетки

Eдноставни тестови откриваат дали доматот е навистина добар

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда