Реал Мадрид и Интер ги започнале преговорите за размена на фудбалери, пишува германскиот „Скај Спорт“. Овој извор ги објави и имињата на фудбалерите кои треба да бидат вклучени во размената.
Во размената би биле вклучени Кристијан Ериксен и Иско, играчи кои не се задоволни од статусот што го имаат во своите клубови.
Ериксен, во јануари, пристигна во Интер, кога италијанскиот клуб го откупи неговиот договор од Тотенхем за 20.000.000 евра. Данецот не се снајде во Интер, а вчера италијанските медиуми објавија дека тој веќе е ставен на трансфер-листата, односно дека Интер ќе ги разгледа понудите за него.
Слична е ситуацијата со Иско, кој игра по системот „топло-ладно“, а и неговиот однос со тренерот Зинедин Зидан не е најдобар.
Барем засега проблем претставува вредноста на фудбалерите. Реал за Иско бара 70.000.000 евра, додека Ериксен вреди 30.000.000 евра.
> Реал и Интер преговараат за размена на фудбалери <