Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Од таму посочуваат дека вупно 470 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 8 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид-центарот на Клиниката за Неврологија, еден болен е хоспитализран на Клиниката за дерматовенерологија, а двајца на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид-центарот во болницата 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника биле примени четворица во текот на вчерашниот ден“, се наведува во соопштението.
Исто така, во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.
„Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 56 пациенти со симтоми на коронавирусот. На Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 11 пациенти“, покажуваат податоците на ресорното министерство.
Во болницата 8 Септември има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 156 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, од кои 11 деца и 21 возрасен.
„Вкупно 470 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во текoт на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во 8 Септември“, посочуваат од Министерството за здравство.
Се очекува во текот на наредните два дена да почне со работа и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.