Утрински Весник
Македонија

Царовска: Врз основа на меѓународни искуства ќе создадеме македонски модел на образование

Врз основа на меѓународни искуства ќе создадеме наш македонски модел на образование, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска која одржа онлајн состанок со претставници од естонското и грузиското Министерство за образование, претставници од регионалните канцеларии на УНИЦЕФ и со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција Ди Џовани.

На состанокoт беа споделени искуствата на Грузија и Естонија за реформските процеси во основното образование и моделот на користење на наставните материјали.

Министерката истакна дека врз основа на меѓународните искуства ќе искреираме наш нов македонски образовен систем на основно образование којшто ќе дава резултати и на домашните тестирања и на меѓународните тестирања. Но клучно, ќе ги научи децата критички да размислуваат и да донесуваа одлуки. Образовниот систем ќе се подобрува врз основа на факти и аргументи што ќе се добијат од Националното тестирање во 2021 година, резултатите од матурата, оценките на крајот од годината, и забелешките на учениците, родителите и наставниците.

Царовска рече дека работната група којашто ја прави новата концепција за основно образование испратила прашалник со истражување до сите наставници за да се утврдат нивните ставови и што е тоа што недостига на образованието. Истиот прашалник ќе се достави и до родителите и до учениците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите