Утрински Весник
Свет
Img 7972

Во Бразил протест против расизмот

Во Бразил протест против расизмот
Img 7972

Граѓаните на Бразил излегоа на протест откако двајца белци, членови на обезбедувањето на една продавница, убија афроамериканец во четвртокот, пренесува Би-Би-Си.

Снимките од инцидентот ги преплавија социјалните мрежи. На нив се гледа како 40-годишниот Жоао Алберто Силвеиру Фреитас добива удари по лицето пред продавницата Керфур во Порто Алегре. Според бразилските медиуми, конфликтот се случил откако Фреитас се скарал со продавач кој потоа го повикал обезбедувањето.

Демонстрантите вчера влегоа во продавницата во Бразилија, извикувајќи „Црните животи се важни“ и повикаа на бојкот на тој трговски синџир.

Во Сао Паоло демонстрантите искршија прозорец на Карфур, фрлија стока од полиците и запалија оган.

Од компанијата изјавија дека жалат поради бруталната смрт на Фреитас и ветија дека ќе го раскинат договорот со обезбедувањето и ќе го отпуштат управителот на продавницата кој бил на должност.

Двајцата мажи кои наводно го претепале Фреитас до смрт се уапсени и се под истрага за убиство. Еден од двајцата уапсени е воен полицаец кој не бил на должност за време на инцидентот.

Бразил има долга историја на ропство и е последната земја што го укина во 1888 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас