Утрински Весник
Македонија

Ковачев по изјавата на Пендаровски: Нивото продолжува да ви паѓа

Ковачев по изјавата на Пендаровски: Нивото продолжува да ви паѓа

„Нивото продолжува да ви паѓа“, реагира бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, откако македонскиот претседател, Стево Пендаровски вчера изјави дека со политиката на негирање на македонскиот народ и јазик, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков.

„Браво за Пендаровски! Конечно разбравме што се случи: Христо Татарчев, Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Григор Парличев и сите други преродбеници и револуционери се идентификуваа како Бугари затоа што ги следеа упатствата на Тодор Живков“, се вели во реакцијата на Ковачев, пренесе БГНЕС.

Пендаровски во изјавата посочи дека Живков е основоположник на позициите дека не постои македонски народ и македонски јазик.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Денес со 2,32 промили алкохол предизвика сообраќајка во Скопје – две лица повредени

Како функционира „Безбеден град“ – системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла

Кривична пријава за охриѓанец кој управувал возило и покрај забрана, автомобилот одземен