Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Роналдо имал желба да се врати во Реал!?

Роналдо имал желба да се врати во Реал!?
Img 7972

Гласни се најавите дека Кристијано Роналдо, по завршувањето на сеозната ќе го напушти Јувентус. Плата на 36-годишниот напаѓач, во услови на финансиска криза, претставува преголем товар за клубот од Торино.

Летото, во 2018 година, Јувентус на Реал им платија 100.000.000 евра за трансферот на Роналдо. Челниците на Јувентус, го донесоа Роналдо, за да ја освојат титулата во Лигата на шампионите. Во неговата прва сезона, Ајакс го елиминираше Јувентус, а минатата сезона „страта дама“ потклекна пред Лион.

„Марка“, пишува дека Роналдо веќе ги контактирал челниците на Реал, но дека немало конкретни разговори околу неговото враќање на „Сантијаго Бернабеу“.

Роналдо девет години го носеше дресот на Реал. Во белиот дрес има нверојатни бројки, 438 натпревари и 450 постигнати голови.

> Роналдо имал желба да се врати во Реал!? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион