Утрински Весник
Спорт
Img 7972

„Михајловиќ е посилен од мене. Сè ќе сторам за него“

„Михајловиќ е посилен од мене. Сè ќе сторам за него“
Img 7972

Златан Ибрахимовиќ, во интервју за „РАИ“, говорел за односот што го има со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ. Малку недостигаше Ибрахимовиќ, на почетокот на годината да потпише со тимот на Михајловиќ, на крајот тој заврши во Милан. За „РАИ“, истакнал дека поради тоа не е нарушено неговото пријателство со Михајловиќ.

Поранешниот репрезентативец на Шведска, истакнал дека му било многу тешко, кога разбрал за болеста на Михајловиќ.

„Кога разбрав за неговата болест, не знаев кога е вистинскиот момент да му се јавам. Сакав да му ја дадам целата моја сила, но не можев. Тој е посилен од мене. Му кажав дека сè ќе направам за него, дури и дека ќе играм бесплатно“, рекол Ибрахимовиќ.

На Михајловиќ, во јули минатата година, му беше дијагностицирана леукемија. По неколкуте терапии во болницата во Болоња, познатиот тренер успеа да ја победи болеста.

> „Михајловиќ е посилен од мене. Сè ќе сторам за него“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион