Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Видео) Ангеловски: Над 60 санкции за еден час во Крива Паланка и Кратово

(Видео) Ангеловски: Над 60 санкции за еден час во Крива Паланка и Кратово
Img 7972

Министерството за внатрешни работи повеќе од еден месец покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Крива Паланка и Кратово, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Крива Паланка.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за повеќе од еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 20.000 санкции“, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Крива Паланка и Кратово да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„ За нешто повеќе од еден час во денешната акциска контрола во Крива Паланка и Кратово се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош, со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откуни цени

Сабри Азири му се обрати на Бујар Османи: Како може да го бараш гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им попобара прошка на семејствата од Скопје што беа прогласени за ‘монструми’?

Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни