Утрински Весник
Македонија

Приведен тетовец за уцена

Приведен тетовец за уцена

Триесет и двегодишен жител на тетовското село Пирок вчера бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“.

Според пријавеното на 19.11.2020 околу 21 часот, од страна на триесет и двегодишна жителка на тетовско село, приведениот А.И. ја уценувал преку социјалната мрежа „Фејсбук“ дека ако не му даде пари ќе објави компромитирачки фотографии.

А.И. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чилиманов: Лозарите не смеат и во 2026 година да бидат жртви на задоцнети мерки и нетранспарентна земјоделска политика

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да ја замолкне Левица за „Плавица”

Сончев почеток на неделата, температурите денеска до 23 степени