Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пријавувањето на конкурсите за студентски стипендии трае до 30 ноември, МОН препорачува електронско аплицирање

Пријавувањето на конкурсите за студентски стипендии трае до 30 ноември, МОН препорачува електронско аплицирање
Dik 300x250 mk

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е аплицирањето за стекнување на правото на студентска стипендија во академската 2020/2021 година, кое трае заклучно со 30 ноември.

„Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови, можат да одберат својата апликација заедно со сите потребни документи да ја достават или хартиено преку архивата на МОН, или пак, да аплицираат електронски преку интернет платформата www.konkursi.mon.gov.mk. Кандидатите кои ќе аплицираат електронски, немаат обврска да ги достават документите хартиено и обратно – студентите кои поради било каква причина немаат можност или нема да одберат да аплицираат електронски, ги доставуваат документите само хартиено во МОН, а апликацијата ќе се смета за валидна и ќе биде предмет на разгледување од надлежните комисии“ соопшти Министерството за образование.

Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во државата, во интерес на заштита на личното здравје, а со тоа и заштита на јавното здравје, Министерството за образование и наука упатува апел до студентите, доколку се во можност да го искористат електронскиот начин на поднесување на апликацијата.

Дополнително, покрај конкурсите за доделување студентски стипендии, во тек е Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за академската 2020/2021 година, со кој на 25 студенти, запишани на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката, а кои ќе ги исполнат конкурсните услови, Министерството за образование и наука ќе им изврши поврат на дел од средствата за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент. Аплицирањето е идентично како и кај студентските стипендии (потенцијалните кандидати одбираат или електронска или хартиена достава на документите) и трае 60 дена од денот на објавата на конкурсот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Љутков на конференцијата „Game Dev Rev 2025″: Да изградиме индустрија што ќе создава игри со македонски печат и глобален потенцијал

Царина и Централен регистар договорија е-размена на податоци за царински долг – хартиените потврди наскоро заминуваат во историјата

„Сцена за сечиј сон” – Отворен 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров” во Скопје