Утрински Весник
Економија

(Видео) Битиќи во посета на „Еуроникел индустри“: Владата ќе продолжи да ги поддржува компаниите во нови инвестициски потфати

(Видео) Битиќи во посета на „Еуроникел индустри“: Владата ќе продолжи да ги поддржува компаниите во нови инвестициски потфати

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес ја посети компанијата Еуроникел индустри во Кавадарци, каде се сретна со генералните директори на компанија и се информираше за тековните производни активности во комбинатот и нивните идни деловни планови.

По извршената обиколка на производните погони на Еуроникел индустри, вицепремиерот Битиќи, во изјава за присутните медиуми посочи дека станува збор за еден од најголемите работодавачи во Кавадарци и регионот, со околу 1000 вработени лица, која соработува со околу 70-80 транспортни компании од овој регион, ги поседува и сите еколошки дозволи за работа, а е четврта по вредност на извезени производи, со околу 166 милиони евра извоз во 2019 година, и деветта по вредност во остварени приходи во земјата (169,5 милиони евра).

„Станува збор за целосно извозно ориентирана компанија, а дополнително е важно што производот кој го извезуваат, тоа е феро-никелот, дава дополнителна, додадена вредност на нашата економија, односно има нето додадена вредност на направениот извоз. И оваа година, и покрај економската криза во целиот свет, успеале да го зголемат и производството, и да го одржат на исто ниво извозот и бројот на вработени. Тоа е добро за локалната економија, за сите вработени, но и генерално за економијата на Северна Македонија, особено во ова време на светска криза. Владата ќе продолжи со поддршка на инвестициите во технолошки развој, унапредување на производството, набавка на нови машини, изградба на нови хали, отворање на центри за развој и истражување и вработување на нови лица. Владата ќе продолжи да ја дава оваа поддршка за стопанството преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции”, нагласи вицепремиерот Битиќи за време на посетата на Еуроникел.

Првиот генерален директор на Еуроникел, Герасим Кујунџиев, се осврна на активностите на компанијата, развојните планови и за значењето на компанијата за развојот на домашната економија.

„Еуроникел Индустри успеа и во време на пандемијата да воспостави безбеден и континуиран производен процес што резултираше со зголемено производство и извоз како продолжување на позитивниот тренд од 2019 година. Кај нас нема намалување на обемот на работа, ниту кратење на вработени или плати, но секако ова е постигнато со енормни напори на сите засегнати страни, од инвеститорите до работниците. Сепак предизвиците се големи пришто најзначајна и најпотребна е поддршката од институциите и државните органи да излезат пресрет на приватниот сектор со редовно и доследно исполнување на обврските,затоа што нашиот придонес кон домашната економија е значаен во секој поглед“, кажа посочи директорот на Еуроникел индустри Кујунџиев.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“