Утрински Весник
Македонија

Паркот позади Универзалната сала, општина Центар ѝ го посвети на Русија

Паркот позади Универзалната сала, општина Центар ѝ го посвети на Русија

Градоначалникот на oпштина Центар, Саша Богдановиќ и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, денеска засадија 10 садници од видот јавор и со овој чин го најавија хортикултурното уредување на паркот и идејното решение за реконструкција на детското игралиште позади Универзалната сала.

Паркот ќе биде именуван како „Парк на сеќавањето“, а oпштина Центар, овој простор го посветува на Руската федерација во знак на пријателство и во чест на одбележување на 75-годишнината од победата над фашизмот.

„Благодарност до рускиот амбасадор Сергеј Баздникин и до Руската федерација за поддршката на активностите на општина Центар и преку овој симболичен чин сакаме да пратиме пријателска порака која ќе остане во сеќавање на граѓаните и идните генерации“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Во мај годинава, општина Центар со поддршка од руската амбасада постави нов споменик, лоциран на реконструираната улицата 9 Мај во Центар, во чест на милионите војници кои пожртвувано ги дадоа своите животи во војната, за повторно враќање на светскиот мир, слободата и демократијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите