Утрински Весник
Македонија

ФИТР стартува со нова иницијатива – #FITR CLASSROOM

ФИТР стартува со нова иницијатива – #FITR CLASSROOM

Фонд за иновации и технолошки развој започнува со имплементирање на долгорочна стратегија за инвестирање во претприемачите и македонскиот стартап сектор преку споделување на знаење и научени лекции од светски експерти.

Во рамки на новиот серијал вебинари наречен #FITR CLASSROOM, два пати во месецот глобални експерти од најголемите светски брендови во различни области ќе го споделуваат своето искуство и препораки. Вебинарите се бесплатни и достапни преку платформата Зум (ZOOM).

Првиот интерактивен вебинар е на 25.11.2020 година во 19 часот со Марвин Лиао, поранешен партнер во „500Startups“ и еден од најеминентните ангел инвеститори во Силиконската долина. Тој ќе се осврне на тактиките, процесите и системите за ефективен влезен маркетинг и продажба, теми кои ќе ве одведат кон подобар и побрз раст. Влезниот маркетинг и продажбата им помагаат на сите видови бизниси да растат подобро, но постојат и посебно истакнати тактики кои можат да го катапултираат растот, особено на стартапите.

Марвин има повеќе од 19 години искуство во вложувања во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи. Тој ја води акцелераторската програма во Сан Франциско, а истовремено инвестира и во договори за почетен капитал. Неговите инвестиции се насочени кон дигиталните медиуми, рекламни технологии, маркетинг „облаци“, е-трговија и мобилни стартапи низ целиот свет. Претходно тој имаше извршна функција во „Yahoo!“ повеќе од 10 години.

Повеќе информации за вебинарот и начинот на пријавување на официјалниот фејсбук профил на ФИТР. Следниот вебинар ќе биде на 09.12 на тема “Брендирање на вработените“, т.е. employee branding со претставник од Фејсбук.Ова е само првата од повеќето иницијативи на ФИТР во следниот период со кои Фондот ќе инвестира во знаењето на македонските претприемачи и стартап заедницата, како придонес за нивен раст и дополнителен развој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта