Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, на социјалните мрежи најавил дека и тој на медиумите ќе се обрати преку соопштение, како што тоа го направи поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија, Немања Видиќ.
По неуспехот на Србија, во баражот за пласман на ЕУРО 2021, соопштението на Видиќ ја „запали“ спортската јавност во Србија. За неуспехот тој ги обвинил луѓето од Фудбалскиот сојуз на Србија, односно го обвинил обвини системот, кој како што напиша „работи за вас и за менаџерите“.
На Видиќ му реплицирал потпретседателот на Сојузот, истоа така поранешен репрезентативец, Марко Пантелиќ со зборовите „кога ти промашуваше пенали, тогаш не пишуваше соопштенија“.
„Денес имав многу повици од медиуми од Србија. Писмото на Немања Видиќ до Фудбалскиот сојуз и состојбите во српскиот фудбал се сериозни теми. Тоа не за кус коментар. Поради тоа својот став ќе го кажам наредната недела“, напишал Матиќ на „Твитер“.
Матиќ има 32 години, пред неколку месеци тој донесе одлука повеќе да не настапува за Србија. Тогаш српските медиуми пишуваа дека решил да се повлече поради несогласувањата со луѓето од Сојузот.
Пантелиќ му врати на Видиќ: Кога ти промашуваше пенали, не пишуваше соопштенија
Видиќ „удри“ по ФС на Србија: Засрамете се! Целиот систем работи за вас и менаџерите
> „Врие“ во српскиот фудбал, по Видиќ и Пантелиќ се јави и Матиќ <