Утрински Весник
Македонија

За една недела, 126 граѓани резервирале термин, но не се појавиле за вакцинирање против грип

Разобличување на дезинформациите дека вакцините содржат состојки кои се штетни за човековото здравје
Dik 300x250 mk

Изминативе седум денови, 3.270 граѓани примиле бесплатна вакцина против сезонски грип во здравствените домови и во општите болници низ државата, а 126 граѓани кои преку матичен лекар резревирале термин, не се појавиле на закажаниот пункт, односно не дошле да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство.

„Според утврдениот протокол за системско менаџирање, на термините за вакцинација, секој петок од тековната недела се отвораат термини преку системот „Мој термин“. Оваа пракса годинава е воведена бидејќи сме во период на вонредна здравствена состојба каде физичката и временската дистанца помеѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето. Од таа причина системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор“, посочуваат од ова министерство.

Додаваат дека бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на 6 пункта на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје и во здравствените домови во Велес, Неготино, Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Берово, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се врши во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци.

„Министерството за здравство информира дека вакцини има за сите, исто така упатуваме апел до граѓаните кои закажале термин за вакцинирање, да се појават на пункт за вакцинација, а доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат“, потенцираат од министерството.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!