Утрински Весник
Македонија

За една недела 3270 граѓани бесплатно се вакцинирале против сезонски грип

Велика Британија почна контроверзно испитување: За тестирање на вакцината, волонтерите ќе треба да се заразат со корона

Изминативе 7 дена, 3270 граѓани примиле бесплатна вакцина против сезонски грип во здравствените домови и општите болници низ државата. 126 граѓани преку матичен лекар резревирале термин, но не се појавиле на закажаниот пункт, не дошле да се вакцинираат.

Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на 6 пункта на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес,Неготино,Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово,Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се вршти во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци.

Според утврдениот протокол за системско менаџирање, на термините за вакцинација, секој петок од тековната недела се отвараат термини преку системот Мој термин. Оваа пракса годинава е воведена бидејќи се наоѓаме во период на вонредна здравствена состојба каде физичка и временска дистанца помеѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето во овој момент. Од таа причина системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор.

Министерството за здравство информира дека вакцини има за сите, исто така упатуваме апел, до граѓаните кои закажале термин за вакцинирање да се појават на пункт за вакцинација, доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре