Лионел Меси луто одговори на тврдењата дека тој е виновен што Антоан Гризман не се навикнал на животот во тимот на Барселона, одговарајќи дека му е преку глава да ја носи вината за сите неуспеси во клубот.
Чичкото и поранешен агент на Гризман, Емануел Лопес, го критикуваше Меси, посочувајќи го како „изворот на сите проблеми во Барселона“, откако тој се обиде да си замине во текот на летото разочаран од водството на клубот и разочарувачкиот 8:2 пораз од Баерн во ЛШ. Од друга страна, Гризман не ги исполни големите очекувања на Каталонците, според многумина поради Меси и неговото влијание.
„Тој беше убеден дека нема да биде успешен во првите шест месеци, но не го очекуваше ова. Со Меси и тоа што се случува во клубот не е лесно. Меси не работи доволно добро за Барса, која пак сака да му погоди“, изјави Лопес неодамна.
На аеродромот „Ел Прат“ во Барселона, при враќањето од репрезентативните обврски, Меси не беше подготвен да одговара културно на прашањата.
„Уморен сум од тоа секогаш да бидам нечиј проблем во клубот. Пристигнувам тука по 15 часа лет и начекувам даночен агент тука, ова е навистина смешно“, изјави лутиот Меси.
⚽?? Messi ha tornat a Barcelona en bones condicions físiques i ha hagut de pagar un impost a la duana de l’aeroport del Prat https://t.co/OCYt5x5cF7 pic.twitter.com/ehyTCXUizd
— Esport3 (@esport3) November 18, 2020
> Меси луто одговори: Преку глава ми е постојано јас да сум виновен за нешто <