Утрински Весник
Свет

(Видео) Судир меѓу германската полиција и демонстрантите на протестот против владините мерки

(Видео) Судир меѓу германската полиција и демонстрантите на протестот против владините мерки

Германската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера илјадниците демонстранти кои се собраа поради новата законска рамка за спроведување на ограничувањата против ширењето на коронавирусот, усвоен од парламентот.

Демонстрантите во близина на познатата Бранденбуршка порта фрлаа стаклени шишиња и димни бомби кон полицијата. Интервентната полиција уапси неколку демонстранти и ги повика со озвучување да го напуштат местото.

Полицијата уапси 190 лица, а деветмина полицајци беа повредени, пренесува Ројтерс. Демонстрантите, вклучително и некои крајно десни радикалисти, се противат на законот со кој се воведуваат мерки како што се ограничување на социјалните контакти, правила за носење маски, пиење алкохол на јавни места и затворање на продавниците.

Демонстрантите на протестот не ја држеа потребната физичка дистанца или не носеа маски за лице. Некои држеа транспаренти со пароли како „Престанете да лажете за коронавирусот“ и „Без присилна вакцинација“.

Министерот за здравство, Јенс Спан пред парламентот рече дека никој нема да биде принуден да ја прими вакцината и ја опиша пандемијата како „нешто што се случува еднаш во векот“.

Додека повеќето Германци го прифаќаат делумниот карантин за да се запре ширењето на новиот коронавирус во вториот бран, критичарите велат дека амандманот ги загрозува граѓанските права.

Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) го спореди амандманот со Законот за итни овластувања од 1933 година, со кој се отвори патот за нацистичката диктатура на Хитлер.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина