Утрински Весник
Македонија

Не им се плаќа по 200 денари на „Дрисла“, па несовесни граѓани го исфрлаат градежниот шут кај ќе стигнат

Не им се плаќа по 200 денари на „Дрисла“, па несовесни граѓани го исфрлаат градежниот шут кај ќе стигнат

Вложуваат по десетици или стотици илјади денари во реновирање или реконструкција на станови, куќи или канцеларии, а не сакаат да платат 200 денари за фрлање на градежниот шут на депонијата „Дрисла“. Речиси секојдневно, несовесни граѓани и градежни работници во Скопје го расфрлаат градежниот отпад кај ќе стигнат.

Граѓаните од населбата Трнодол вчера со видео снимка фатија работници како одлагаат отпад на недозволена локација, а ваквата состојба се мултиплицира на различни места во Скопје – покрај реката Вардар, Треска, Лепенец, покрај локални патишта, едноставно ниту се избира, ниту се мисли за загадувањето на животната средина.

Од „02 Иницијативата“, кои вчера го објавија видеото на кое се гледа како се фрла градежеш шут во Трнодол, прашуваат дали надлежните институции ќе преземат нешто во врска со овој проблем и дали ќе ги документираат прекршителите.

„Мета.мк“ беше во депонијата „Дрисла“, која претставува легалната дестинација каде што треба да заврши градежниот шут. На скопската депонија може секој со камион, комби или било кое друго превозно средство да го донесе градежниот шут којшто останал по реконструкцијата или изградбата на некој објект. За чист градежен шут со тежина до 1 тон (1.000 килограми), од депонијата „Дрисла“ наплаќаат само 200 денари, додека одлагањето на градежен шут помешан со комунален отпад чини 680 денари по тон.

Ова претставува минимален трошок, дури и за физичките лица, во однос на целокупната сума што се инвестира при рушење на бањи или ѕидови во станот, изведба на фасади или било какви други градежни зафати. За волја на вистината, во депонијата „Дрисла“ можат да се забележат и мноштво совесни граѓани и работници, кои со своите камиончиња сепак се одлучиле да поминат десетина километри за да дојдат до депонијата „Дрисла“ и да го одложат собраниот отпад на вистинската локација.

Во депонијата „Дрисла“ и со мали камиончиња се носи градежниот шут од совесните граѓани | Фото: Бојан Блажевски

И додека како граѓани се рафрламе со отпадот каде што ќе стигнеме во природата, Министерството за правда во собраниска процедура веќе ги достави предлог измените на Законот за прекршоци, којшто ќе се носи по скратена постапка. Со него, казните за дела против животната средина ќе се зголемат за дури 20 пати во однос на сегашните глоби.

„Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците содржи пет члена. Со првиот член се додава нов член 6-а (во главата – Општи одредби) кој се однесува на дополнување на останатите начела со начелото за надомест на штета од сторен прекршок. Ова начело се воведува од причина што во голем број ситуации со прекршокот се предизвикуаат штетни последици, а со изречената глоба или друг вид прекршочна санкција не се постигнува целта на казнувањето. Со членовите 2 и 3 се менуваат членот 26 и членот 36 од Законот за прекршоците кои се однесуваат на висините (рамките) на глобите за физичките и правните лица во сите области на општеството. Со овие два члена предвидена е можност за зголемување на глобите во областа животна средина од причина што рамките дадени во постојните членови се несоодветни за оваа област“, се наведува во образложението на законските измени.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче