Утрински Весник
Свет

Германски припадник на ИД имал централна улога во мрежата на напаѓачот од Виена

Германски припадник на ИД имал централна улога во мрежата на напаѓачот од Виена

Германски припадник на Исламската држава можеби имал централна улога во мрежата во која учествувал и виенскиот терорист, пренесуваат австриските медиуми.

Исламистот, поранешен жител на Хамбург идентификуван со иницијалите В.А., е германски државјанин кој бил уапсен и осуден во 2017 година како странски терористички борец и се верува дека се преселил во Виена во јануари годинава.

Според извештајот на австрискиот таблоид „Кронен цајтунг“, Германецот бил центарот на транснационална радикална исламистичка екстремистичка мрежа во која имало и радикали кои живеат во швајцарскиот град Винтертур, а кои беа уапсени по терористичкиот напад во Виена на почетокот на месецов.

В.А. беше уапсен пред терористичкиот напад во Виена во октомври и депортиран во Германија. Според весникот, тој преку интернет одржувал контакт со соборците- екстремисти, вклучувајќи го и напаѓачот од Виена, Кујтим Фејзула.

Истражителите сè уште ги разгледуваат обвинувањата дека тој, исто така, подготвувал терористички напад, но 22-годишникот беше опишан како „прекинувач“ за исламските радикали низ цела Европа.

За Кујтим Фејзула, исто така, се вели дека имал контакт со турски приврзаник на Исламска држава, кој е во притвор во Австрија од октомври. СМС-пораките собрани за време на истрагата на турскиот екстремист откриваат врски и со виенскиот напаѓач и со неговиот круг.

Терористичкиот напад во Виена, во кој беа убиени четири лица во центарот на градот, се случи по неколку други исламски терористички напади во Франција.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вети дека ќе се справи и со тероризмот и со идеологиите на политичкиот ислам по нападот и ја повика ЕУ да го стори истото. Минатата недела, Курц објави дека неговата влада ќе се обиде да ги криминализира политичките исламски идеологии со создавање нови закони за гонење на оние кои пропагираат идеи што тој ги нарече „почва за размножување“ на тероризмот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме