Утрински Весник
Свет

Обезбедени 103 сведоци против Тачи и групата од ОВК

Обезбедени 103 сведоци против Тачи и групата од ОВК

Специјализираното обвинителство на Косово со седиште во Хаг го извести судот дека има неколку изјави на 103 сведоци против Хашим Тачи и другите членови на Генералштабот на ОВК. Се тврди дека обвинението се темели на нивните сведоштва, меѓу другите докази.

Во пресрет на статусната конференција што ќе се одржи денеска, обвинителството посочи дека има 1.842 докази против нив, што ќе ги презентира за време на претстојното судење на Тачи и другите.

Покрај 103 сведоци, обвинителството наведува дека уште 50-ина можат да сведочат во овој процес и забележува дека за време на судењето, тие би можеле да пронајдат и повеќе докази во зависност од текот на истрагата.Обвинителството исто така има повеќе од 40.000 страници докази, извештаи, фотографии, повеќе од 20 часа аудио материјал.

Покрај Тачи, за обвинението на Специјализираниот обвинител се и Јакуп Красниќи, Кадри Весељи и Реџеп Селими.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Техеран соопшти дека досега во нападите врз Иран се убиени 310 ученици и наставници, повеќе од 210 се повредени

Ученик избоде до смрт наставничка во Русија

Трамп се соочува со клучна одлука – напад на иранската инфраструктура или продолжување на разговорите