Утрински Весник
Македонија

Филипче на состанок со директорите на интерните клиники – се прошируваат капацитетите

Филипче на состанок со директорите на интерните клиники – се прошируваат капацитетите

Министерот за здравство Венко Филипче утрово одржа состанок со директорите на интените клиники каде беше разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински пероснал и можностите и потребата од проширување на капацитетите.

На состанокот покрај координаторот на ковид центрите на Интерните клиники, Дејан Докиќ, беа присутни директорите на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво, нос и грло и Кожната клиника.

Министерството за здравство соопшти дека во мемонтов на интерните клиники има околу 20 тина слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти. Во текот на утрешниот ден со работа ќе започне и ковид центарот на Клиниката за очни болести на кој ќе можат да се сместат 33 пациенти.

„ Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто време да не го намалиме ниту редовниот програм на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои за тоа имаат потреба“ изјави Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk