Утрински Весник
Македонија

(Видео) Казнети 414 возачи во Скопје

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 414 мерки, меѓу кои 39 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 20 мерки за користење мобилен телефон, 63 санкционирани пешаци, 68 мерки за непрописно паркирани возила и 19 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци