Утрински Весник
Спорт

Гостински победи за Бразил и Аргентина, дебакл на Колумбија

Гостински победи за Бразил и Аргентина, дебакл на Колумбија

Четвртото коло од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Јужна Америка донесе дебакл на Колумбија, односно сигурни победи на Бразил и Аргентина. Бразилците се единствени со максимален учинок во првите четири рунди.

Уругвај не успеа да го изненади Бразил во дербито. „Кариоките“, во Монте., победија со 2:0. Стрелци на головите во првото полувреме беа Артур и Ришарлисон. Играчите на Уругвај во првиот дел два пати ја погодија гредата, преку Нуњез и Годин. Домашната репрезентација мечот го заврши со ирач помалку. Директен црвен картон доби Кавани.

Еквадор ја декласира Колумбија со 6:1. Еквадорците мечот го решија во првиот дел кога стекнаа предност од 4:0. Почесниот гол за Колумбија го постигна Хамес Родригез од пенал.

Аргентина, во првите 30 минути, постигна два гола во Лима против Перу. Третиот триумф на „гаучосите“, во овие квалификации им го донесоа Гонзалес и Лаутаро Мартинез.



Првиот триумф го запиша Венецуела, а Боливија го освои првиот бод. Венецуела го изненади Чиле (2:1), а Боливија одигра 2:2 во Парагвај.

> Гостински победи за Бразил и Аргентина, дебакл на Колумбија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум