Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Македонија ќе набавува дополнителни количини брзи тестови за Ковид-19

Македонија ќе набавува дополнителни количини брзи тестови за Ковид-19
Img 7972

Владата на денешната седница донесе одлука за набавка на дополнителни количини брзи антигени тестови за Ковид-19.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната 21 седница го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас согласно Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат“, соопшти Владата.

Со цел обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот, Владата исто така ќе достави барање до Министерството за одбрана да дозволи дополнително распоредување на медицински лица од редовите на ова министерство за потребите на болниците во државата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведени две Италијанки на Табановце, носеле 186 семки канабис и марихуана

Приведени двајца криумчари од Скопје – превезувале мигрант од Турција

Левица ја води правната битка против АВМУ: „Сите се прогласуваат за ненадлежни, но правдата ќе ја бараме во Стразбур“