Утрински Весник
Свет

Секој трет тестиран во Црна Гора позитивен на коронавирус

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани девет починати пациенти и 619 нови случаи на коронавирус. Тестирани се 1.777 лица.

Вкупниот број на активни случаи е 9.867. Повеќето нови пациенти се од Подгорица – 317.

Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус е 28.392.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 396, а од почетокот на годината 405.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко