Утрински Весник
Свет

Во Србија рекордни 4.994 нови случаи на коронавирус, 24 лица починаа

Во Србија 2.677 случаи на Ковид-19, починаа 9 лица
Dik 300x250 mk

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 4.994 нови случаи на коронавирус, а 24 пациенти починале.

Тестирани се 17.645 лица. Во моментов има 179 пациенти на апарати за дишење.

Од првиот случај во Србија, кој беше регистриран на 6 март, потврдени се вкупно 92.375 случаи, а 1.054 лица починаа.

Вечерва во 21 часот во Србија почнува примената на нови мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот. Од  21 до 5 часот забранета е работата на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, рестораните, но и трговските центри и продавниците.

Исклучени од таа мерка се аптеките, испораката на храна, бензинските пумпи и економијата што работи трета смена. Мерките ќе важат 15 дена, до 1 декември, кога владата повторно ќе донесе одлука за нив.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени