Утрински Весник
Македонија

(Видео) Попова: Пола милион евра за лампиони и диносауруси на Шилегов вредат колку 15 амбулантни возила

(Видео) Попова: Пола милион евра за лампиони и диносауруси на Шилегов вредат колку 15 амбулантни возила

Во услови кога Скопје е жариште на коронавирус, во услови кога дневно стотици скопјани заболуваат, а за жал и умираат, градските власти трошат 525 илјади евра за новогодишни лампиони и пластични диносауруси, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

„ Петре Шилегов и СДСМ се тотално одлепени од реалноста. Наместо сите ресурси да се насочат кон спасување на животи и заштита на здравјето на граѓаните тие трошат астрономски суми од над половина милион евра за забава и украсување, како на народот да му дошло до тоа.

Петре Шилегов и СДСМ овие пари треба под итно да ги пренамени за конкретно справување со корона кризата. Со овие пари можат да се набават 15 амбулантни возила, 1.000 лаптоп компјутери, илјадници тестови, монтажни болници низ Скопје или да се набави основен медицински материјал за болниците и граѓаните.

Забеганоста на власта се гледа и во тоа што и покрај апелите и критиките на јавноста, Шилегов не отстапува од безмилосното трошење на народни пари на луксузи кои и во нормални услови се непотребни, а не пак во услови на пандемија. Дополнително за пингвини и фламинга Шилегов троши 19 милиони денари. 19 милиони денари, а нула денари за болнички возила.

Лампионите и пластичните диносауруси нема да помогнат во справувањето со здравствената криза која мора да биде приоритет, ниту пак ќе спасуваат животи. Секое евро е значајно, секое евро потрошено на украсување или дино паркови сега може да значи евро помалку за спасување на животите.

Шилегов, чуму ти се лампионите ако секој ден се зацрнува едно семејство од корона вирус?“ рече Попова.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина