Утрински Весник
Македонија

Освен во Штип, ДСЗИ испитува како починале и други пациенти болни од Ковид-19

Освен во Штип, ДСЗИ испитува како починале и други пациенти болни од Ковид-19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) испитува како починале 12 пациенти болни од Ковид-19 во клиниките во земјата. Ова следи по инцидентот со 41-годишната почината пациентка заболена од Ковид-19 во штипската болница, а за која јавно проговори нејзината ќерка.

„ Стручни надзори за пациенти починати од ковид 19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до МЗ, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ке бидат извршени за уште четири пациенти починати од ковид 19.

Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надѕор во ЈЗУ Клиничка болница Штип во врска со починатата пациентка од ковид 19, при што согласно констатираната фактичка состојба со решение нареди на директорот на здравствената установа веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход.

„ Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата. Независно од работата на Комисијата, во текот на денешниот ден ДСЗИ ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациенката, до министерот за здравство“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани