Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Ѕинго голем патриот и другар

Демократски сојуз: Ѕинго голем патриот и другар

Павле Трајанов и Демократскиот сојуз, изразуваат длабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов Ѕинго.

„ Ѕинго беше голем патриот и секогаш ги афирмираше Македонските национални интереси.

Ѕинго беше и уште поголем другар, кој често велеше: “Мене ме напуштиле многумина, но јас никогаш не сум напуштил другар и пријател”.

Со Ѕинго имавме долги и отворени разговори за сите прашања и знам дека приоритет даваше на економскиот развој и унитарниот карактер на државата.

Во последните години сите разговори ги завршуваше со зборовите “Да бидеме сплотени и да ја чуваме Македонија”.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пијан маж од Кавадарци правел хаос во својот дом

Возач загинал на патот Крива Паланка – Куманово

СДСМ: Бараме целосна истрага за сите скандали со Јанушев